ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Алијанса и Алтернатива со 222 амандмани за ребалансот
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива поднесоа повеќе од 200 амандмани за ребалансот на буџетот на почетокот од комисиската расправа во Собранието.
Од поднесените 222 амандмани, 153 се на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери. Ова е прв ребаланс на буџетот годинава и со истиот се планира да се потрошат дополнителни триста милиони евра од првично планираното.
Расходната страна се зголемува за 8,6 насто или сега ќе изнесува 4,3 милијарди евра, додека приходната треба да се зголеми за 100 милиони евра или ќе изнесува 3,6 милијарди евра.
Со ребалансот се очекува и зголемување на буџетската дупка од 6,5 отсто од БДП.
Слично
