ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го остави здравството со поголема доенечка смртност
По обвинувањата на СДСМ за смртноста кај доенчињата, реагираше и владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ го оставила здравството со речиси двојно поголема доенечка смртност во споредба со денес.
„Во 2004 година стапката на доенечка смртност изнесуваше 13.2, а денес стапката е значително намалена и изнесува 8.5 промили. СДСМ ја оставија клиниката за гинекологија и акушерство без нова медицинска опрема, во објект стар повеќе од 80 години”- се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека СДСМ нема кредибилитет да зборува за здравството.
Слично
