Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ бараат со закон да се забрани објавување на опозициски „бомби“

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ бараат со закон да се забрани објавување на опозициски „бомби“

Пратеници од владеачката ВМРО-ДПМНЕ и од партијата на Ахмети бараат со закон да се забрани објавување на опозициските бомби.

Овие две пратенички групи вчера до Собранието доставиле предлог Закон со кој ќе се стави мораториум на таканаречените “бомбите“ на опозициската СДСМ.

Овие две партии уште бараат медиумите да ги повлечат сите текстови поврзани со прислушуваните разговори кои и обелодени Заев и истите да не смеат да се објават бидејќи ќе се соочат со кривично гонење, и истите бараат секој кој има какви било материјали од прислушуваните разговори да ги предаде на специјалниот обвинител.

Џафери истакна дека партиите според договорот од 15 јули се согласиле да се донесе посебен закон за неможност да се злоупотребат бомбите за други цели, а целта по  донесувањето на законот би  била да се спречи злоупотреба на тие материјали.

Опозицијата пак негира дека ова било дел од договорот.

Во медиумите се појавија шпекулации дека во јавноста би можел да се објави посериозен криминал.

Џафери од новинарите беше запрашан дали можеби ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се плашат од секс скандалите за кои се зборуваше а останаа необјавени, на што тој одговори : "И стариот и новиот материјал од бомбите и натаму ќе имаат живот, но одговорностите на функционерите ќе ги испитуваат собраниската анкетна комисија што ќе се формира, а криминалот специјалниот обвинител.

Потпишаниот предлог и образложение на барателите може да го погледнете тука.

Слично

Поврзани вести