Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: И денес ги враќаме долговите кои ги остави СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: И денес ги враќаме долговите кои ги остави СДСМ

Од владеачката партија реагираат на обвинувањата на опозициската СДСМ тврдејќи дека најголемата опозиција во земјава не може да се помири со фактот дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води успешна економска политика за која потврда даваат и релевантните меѓународни институции како Светска Банка и ММФ.

Од владеачката гарнитура велат дека и ден денес ги враќаат долговите кои опозицијата ги направила додека била на власт, потенцирајќи дека во тоа време немало криза, а и покрај растот на земјите, Македонија имала катастрофален раст и голема невработеност.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги нагласија новите инвестиции во инфраструктурата, автопатишта, реформи  во болници, училишта, градинки потенцирајќи дека Македонија е петта најмалку задолжена земја во Европа.

Слично

Поврзани вести