ВМРО-ДПМНЕ: Готово е Заев!
Готово е Заев, готово е! Готово е со твоето мрачно и штетно сценарио, јасно ти е тоа и на тебе, а веќе им е јасно дури и на оние луѓе околу тебе кои секојдневно ги лажеш и манипулираш со ветувања за функции и власт“.
Ова е реакцијата на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ после денешните аудио снимки објавени од страна на СДСМ.
„Тоа што ти Заев спадна на дереџе да водиш политичка битка со креирани и сечени материјали во кои главни аргументи ти се паркети, пенџериња, плочки покажува дека ти си очаен политичар без идеја, кој ништо добро не може да понуди за граѓаните и за државата.
Заев, твоите прес конференции се претворија во килава сапунска серија во која воајеризмот е највидлив, а тоа е најдобар доказ дека и ти и раководството на СДСМ знаете дека е готово со креираните материјали. Целокупниот имот на сите функционери од ВМРО-ДПМНЕ е јавно објавен на транспарентен начини и доследно пријавен во надлежните институции“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата на власт, денешниот прес на СДСМ е само начин да се оттргне вниманието од вистинските скандали на раководството на СДСМ.
