Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ го пријави Заев за бонуси

ВМРО-ДПМНЕ го пријави Заев за бонуси

ВМРО-ДПМНЕ му поднесе кривична пријава на премиерот Зоран Заев затоа што овој јавно побара од „Минстрој“, сопственикот на рудникот во Крива Паланка, да им даде бонус на рударите пред референдумот на 30 септември.

Според Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за дело „поткуп при избори“, иако во моментов станува збор за референдум.

„Јавниот обвинител не постапи согласно своите надлежности и не отвори постапка против Зоран Заев по јавно допрен глас. Затоа заедно со кривичната пријава доставивме и видео материјал на кој се слуша како Заев јавно повикува на поткуп, каде што се слуша дека признава еден бизнисмен односно сопственикот на „Минстрој“ веќе му ветил дека ќе ги награди работниците доколку излезат на претстојниот референдум. Целта ни е да докажеме дека никој не е над законот, па ниту Зоран Заев“, рече Димовски. .

Тој потсети и дека на 5 јули поднесена е кривична пријава против Зоран Заев, премиерот на Република Македонија, Никола Димитров министер за надворешни работи, Талат Џафери претседател на Собранието, Артан Груби претседател на Комисијата за европски прашања и уште 67 пратеници за велепредавство, загрозување на независноста, здружување заради непријателска дејност и злоупотреба на службена положба.


Слично

Поврзани вести