ВМРО ДПМНЕ го обвини Заев за непотизам во јавните набавки
Градоначалникот на Струмица Зоран Заев му овозможил на својот братучед Трајче Заев да се стекне со приход од речиси 400.000 евра, преку јавни набавки со општина Струмица и нејзините општински институции, обвини Александар Колев од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, фирмата АДГ „Пелагонија“ Струмица во која Трајче Заев е еден од сопствениците, добила 15 јавни набавки во општина Струмица, од кои 12 се склучени директно со општината, а три со општинското комунално претпријатие. Сите овие 15 тендери АДГ „Пелагонија“ Струмица ги добила од 2008 година, односно откако Трајче Заев станал еден од сопствениците на оваа фирма, тврдат од ВМРО ДПМНЕ.
„Зоран Заев е должен пред македонската јавност да ја обелодени целокупната тендерска постапка и документација за 15 јавни набавки со вкупна вредност од 400.000 евра кои ги добила фирмата АДГ „Пелагонија“ во која Трајче Заев има своја сопственост“, побара Колев.
Слично
