Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Шилегов дека им делел зделки и на Заеви

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Шилегов дека им делел зделки и на Заеви
Како претседател на второстепената владина комисија за јавни набавки, портпаролот на СДСМ Петре Шилегов одлучил голем тендер да добие „Јавор Шпед“, фирма во сопственост на „кланот Заеви“, обвини владејачката ВМРО ДПМНЕ. „Еве го решението. Погледнете тука стои потписот на Петре Шилегов со кое жалбата на Макпетрол се одбива, без детално образложение и со едно единствено зборче жалбата се одбива како неоснована. Најповолен понудувач е фирмата ДТУ Јавор Шпед Струмица. Фирма капитално врзана со кланот Заеви“, изјави Сашо Трпески од ВМРО - ДПМНЕ. Според податоците презентирани од оваа партија, тендерот бил за набавка на екстра лесно масло за греење за потребите на училиштата во Општина Струмица. Сопственик на Јавор Шпед е Горан Крстев, кој е близок пријател на Зоран Заев и бизнис ортак со Вице Заев во три фирми, појаснува Трпески.
Слично

Поврзани вести