Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ го обвини подмладокот на СДСМ дека ги „подбуцнува“ студентите

ВМРО-ДПМНЕ го обвини подмладокот на СДСМ дека ги „подбуцнува“ студентите
СДСМ се обидува да ги злоупотреби студентите за своите теснопартиски интереси и даманипулира со нив, обвинуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата тврдат дека подмладокот на СДСМ активно е вклучен во поттикнување на студентското незадоволство од реформите во високото образование. „За тоа дека се до гуша заглавени во организирање на наводни студенстки протести, доволно говорат информациите по медиумите и социјалните мрежи, дека членови на нивниот подмладок агитираат, организираат, па дури и јавно говорат на настани организирани од т.н. Студентски пленум“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Притоа, партијата на власт е уверена дека „граѓаните, а особено студентите знаат дека оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ преземала и ќе презема реформи и проекти кои се во нивен интерес и во насока на подобар образовен процес и нема да дозволат СДСМ да ги замајува“.
Слично

Поврзани вести