ВМРО-ДПМНЕ ги спори тврдењата на СЈО во врска со екс министрите
„Денес бевме сведоци на политички настап во кој беа прозвани голем број лица. Функционерите на партијата кои индиректно беа осудени на прес конференцијата на СЈО немаат сторено никакво кривично дело и тоа ќе го докажат во натамошната постапка“, стои во денешната реакција на владеачката партија по повод истрагата која Специјалното јавно обвинителство ја обелодени пред јавноста а се однесува на изборни измами во кои се вклучени поранешни министри за внатрешни работи и труд и социјала.
Имено, во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да поддржат незаконско и неуставно работење.
Од партијата на Никола Груевски велат дека секоја орган и секоја институција мора да делува во рамки на своите надлежности бидејќи никој не е над Уставот и законите.
Оттаму потесетуваат и дека ВМРО ДПМНЕ гласаше и го поддржа изборот на Специјалното јавно обвинителство.
