Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ ги дефинира кандидатите за пратеници: Груевски во единица!

ВМРО-ДПМНЕ ги дефинира кандидатите за пратеници: Груевски во единица!
Партискиот лидер Никола Груевски ќе ја предводи кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните предвремени парламентарни избори во изборната единица 1. Партијата денеска конечно ги дефинираше кандидатските листи за пратеници, кои треба да ги достави до Државната изборна комисија најдоцна до ноќеска на полноќ. Во изборната единица 2, носител на листата е Гордана Јанкулоска. Во ИЕ3, листата ја предводи Никола Тодоров. Во четворката, прв на листата ќе биде Зоран Ставрески, а во петката - Антонио Милошоски. Во шестата изборна единица носител ќе биде досегашниот министер за надворешни работи Никола Попоски. Одлуката била донесена од Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Уште нема информации кои се кандидатите на оваа партија за изборните единици во дијаспората.
Слично

Поврзани вести