ВМРО-ДПМНЕ: Фантомски гласачи ниту имало, ниту ќе има
Од ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагираат на тврдењата на СДСМ дека во земјава има голем број фантомски гласачи.
Велат дека СДСМ со месеци претставува лажна слика во јавноста дека имало огромен број на таканаречени фантомски гласачи, од 30.000 па се до 500.000.
„Бројот често го менуваа како дел од нивната пропаганда и алиби за одложување на изборите. Фантомски гласачи ниту имало ниту пак ќе има, но сега дојде време да се расчистат работитe. Во текот на вчерашниот ден СДСМ вршеше терор врз ДИК, користејќи ги сите средства и манипулации, во обид да издејствува што повисока бројка на граѓани да биде предмет на проверка да не случајно некој од нив се покаже како фантомски гласач. Обидот е всушност таканаречено меко приземјување. Од 500 илјади, колку што лажеа тие и нивните медиуми, нивната битка во текот на вчерашниот ден се сведе на обид барем да се проверат 150 или 160 илјади. Се со цел за да не биде одеднаш, од 500 илјади да паднат на 5000 проверки, па одлагањето на изборите на 24ти април да ја изгуби својата смисла, и да се види големата лага и манипулација што ја правеа веќе 2 години во земјата“- стои во реакцијата.
Велат дека СДСМ одговорот од граѓаните за овие манипулации ќе го добијат на изборите на 5 јуни.
Слично
