Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Државата тоне во долгови, а капитални инвестиции нема

ВМРО-ДПМНЕ: Државата тоне во долгови, а капитални инвестиции нема

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека задолжувањето ги урна психолошките граници за помалку од една година од владеењето на економското цунами наречено Влада на Заев.

Сметаат дека државата тоне во долгови, а капитални инвестиции нема. 

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека за првпат во историјата јавниот долг скокнал над 5 милијарди евра, а државниот над 4 милијарди евра.

„Заклучно со последните информации кои ги објавува Министерството за финансии за првото тромесечие во 2018 година, и покрај фризирањата преку вештачки напумпаните проценки на БДП, јавниот долг ја надмина психолошката граница од 5 милијарди евра, односно изнесува над 5 милијарди и 84 милиони евра. Државниот долг исто така ја надмина психолошката граница од 4 милијарди евра и сега тој изнесува над 4 милијарди и 270 милиони евра“- тврди ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинуваат дека СДСМ, Зоран Заев и Министерството за финансии ја излажале јавноста за состојбата на долгот на Република Македонија, а граѓаните ги задолжуваат за да си обезбедат пари за тендери кои си ги делат меѓусебно.

Слично

Поврзани вести