Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ ДО ЗАЕВ И АНГЕЛОВСКА: Економската политика во целост е промашена

ВМРО-ДПМНЕ ДО ЗАЕВ И АНГЕЛОВСКА: Економската политика во целост е промашена

Опозицијата не е задоволна од направениот ребаланс на буџетот. 

Заев и Ангеловска не водат фабрика за ајвар или агенција за интернет трговија, туку држава, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на премиерот и министерката за финансии, Нина Ангеловска. 

Додаваат дека економската политика во целост е промашена и било каков ребаланс нема да ја спаси власта. 

Велат дека развој на економијата и на државата нема, ниту може да има со ваква неспособна Влада. 

„Зоран Заев и Нина Ангеловска со ребалансот предлагаат популистички буџет, во кој се крати од развојните проекти, како капиталните инвестиции за да има пари за популистички мерки, кои имаат краткотраен ефект“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Сметаат дека планот на Заев е префрлање на пари во непродуктивни трошоци, за да го минимизира незадоволството од расипништвото и корупцијата на неговиот кабинет. 

„Колкави се дупките во економијата кои ќе се отвораат на ваков начин, Заев не го интересира бидејќи знае дека е соочен со пораз на изборите. СДСМ заминува, а за сите нерегуларности ќе има одговорност. Нема поголем апсурд кога премиер говори за исплата на пари на рака, а министерот за финансии го спушта погледот во земја. Тажно е кога премиер говори за „честење“ на работници, а неговиот министер молчи. Зоран Заев и Нина Ангеловска не водат фабрика за ајвар или агенција за интернет трговија, туку држава. Давање на плата, наместо жирално, во кеш, нешто што Заев го прикажува како частење, е кривично дело, бидејќи на тој начин се избегнува плаќање на даноци.

Македонија блеска само во главата на Зоран Заев. Во реалноста имаме 2,5% помалку работници во индустријата во јули оваа година, во однос на јули минатата година, односно на 100.000 работници лани, а сега имаме 2.500 помалку. Во исто време додека Заев продава ветар и магла, реалниот БДП во однос последен квартал 2018 со прв квартал од 2019 година е паднат за 211 милиони евра. Напразно власта се фали и со субвенциите, бидејќи околу 70 милиони евра од последните неколку години сѐуште не се исплатени. Не се исплатени ниту дополнителните мерки кои им беа ветувани на земјоделците“, наведуваат од партијата. 

Заев и Ангеловска денеска најавија дека парите ќе ги вратат кај граѓаните и дека ќе има растна минималецот, иако не прецизираа сума, затоа што уште се преговара. Капиталните инвестиции се кратат, а ќе се субвенционираат придонеси. 

Слично

Поврзани вести