Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Дизелот ќе поскапи за 4 денари со Ребалансот на буџетот

ВМРО-ДПМНЕ: Дизелот ќе поскапи за 4 денари со Ребалансот на буџетот

ВМРО-ДПМНЕ утринава објави дека дизелот ќе поскапел со 4 денари по литар со новиот данок што треба да биде воведен со најавениот Ребаланс на буџетот, кој неделава беше усвоен на Влада а треба да се разгледува во Собранието.

„Со ребалансот на буџетот Заев предлага воведување на нова давачка, нов данок, надомест при увоз и производство на дизел гориво од 4 денари по литро. Со овој нов данок дизел горивата трајно ќе поскапат за 4 денари“ реагира ВМРО-ДПМНЕ. 

Од опозициската партија тврдат дека со ваквата мерка за половина година треба да се собере безмалку 27 милиони евра, односно околу 54 милиони евра за една година.

„Народот е тој кој е најпогоден од поскапувањето на дизелот заради новиот данок. Земјоделците, транспортерите и граѓаните во целост се тие кои ќе го понесат товарот на данокот на Заев.“, додаваат од таму.

Слично

Поврзани вести