Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Денеска спречивме уште едно црно сценарио на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Денеска спречивме уште едно црно сценарио на СДСМ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ брзо реагираше на прес конференцијата на опозицијата, на која заменик-министерот за финансии, Кире Наумов рече дека СДСМ ја спречила Владата да се задолжи за половина милијарда евра.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на овај начи опозицијата сакала да ја блокира исплатата на пензии и субвенции.

„Преку дополнителниот заменик министер Кире Наумов, лидерот на СДСМ денеска се обиде да ја блокира исплатата на зголемените пензии, да го попречи реновирањето на болниците и набавката на нова медицинска опрема, да ја закочи исплатата на земјоделските субвенции, да ја сопре изградбата на новата патна инфраструктура и да ги пролонгира роковите за реновирање и изградба на новите училишта и градинки” - стои во реакцијата на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија убедуваат дека буџетска криза нема да има и дека државата ќе обезбедела „ средства и за справување со мигрантската криза, и за зголемени пензии, и за реновирање на болници и за сите други трошоци кои ќе значат стабилност, сигурност и спокојство на граѓаните” велат од ВМРО-ДПМНЕ

Слично

Поврзани вести