ВМРО-ДПМНЕ ќе даде отчет, сработиле над 3.500 проекти
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ сработила повеќе од 3.500 проекти за 10 години владеење.
За овие проекти, за плановите за во иднина, како и за актуелните состојби во Македонија, се очекува да се зборува на јавниот отчет кој ВМРО-ДПМНЕ го организира денеска за своето членство, во спортскиот центар „Јане Сандански“. Ќе бидат опфатени проекти во периодот од 2006 до 2016 година.
Пред членовите и симпатизерите ќе се обратат министри, градоначалници и претседателот на партијата, Никола Груевски.
Слично
