Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ бара Заев да поднесе оставка на функцијата градоначалник

ВМРО-ДПМНЕ бара Заев да поднесе оставка на функцијата градоначалник

ВМРО-ДПМНЕ бара опозицискиот лидер Зоран Заев веднаш да поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Струмица.

„Само во тој случај градоначаникот Зоран Заев ќе има образ да бара било што од градоначалникот Владимир Талески.

Така и само така – со оставка и на ниту ниту еден друг начин, граѓаните можеби и ќе им поверуваат дека СДСМ се залагаат за правна држава во која се почитуваат законите и демократските принципи.

Зоран Заев лицемерно ги обвинува другите за криминал, а самиот без око да му трепне го игнорира фактот дека е единствен градоначалник кој бил во притвор во Истражниот затвор во Скопје обвинет за криминал тежок 8 милиони евра.

Чесните социјалдемократи самите го бараат одговорот зошто СДСМ бесрамно дозволува да биде заложник на единствениот аболициран криминалец во Република Македонија Зоран Заев, кој е свесен за својата вина и ја злоупотребува партијата и целата држава, само и само да се спаси од кривична одговорност за сопствениот криминал за кој постојат несоборливи факти, аргументи и докази“, соопштија денеска од владечакта партија.

Партијата на Никола Груевски го брани градоначалникот на општина Битола и вели дека Владимир Талески е еден од најуспешните градоначалници а дека неговата единствена вина  е што е градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и според сценариото на СДСМ, тој треба јавно да биде дискредитиран во политички инструирана постапка на СЈО.

Велат дека битолчани од 2005 година наваму во три изборни циклуси безрезервно му даваат поддршка на Талески а таа поддршка додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, се стекнува со програми и проекти за кои се гласа исклучиво на избори и не може да се наруши со неколку злонамерни коментари на социјалните мрежи, а уште помалку со протести на два-триесет луѓе кои блокираат улици.

Слично

Поврзани вести