ВМРО-ДПМНЕ бара опозициските пратеници да ги вратат платите
Седум месеци по ред, Рената Тренеска Дескоска зема месечна плата од над 65 илјади денари, пари од даноците на граѓаните, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, од каде бараат сите 31 опозициски пратеник кои со месеци го бојкотираат Собранието да ги вратат платите заработени од пратеничката функција.
„Таа за една година ќе зема над 780 000 денари, а воопшто не чувствува одговорност и потреба да се појави на своето работно место и да ја работи работата што таа сакала да ја работи и што граѓаните и ја довериле. Ниту еден граѓанин во Македонија не се однесува вака неодговорно како Рената Тренеска Дескоска и нејзините колеги пратеници од СДСМ и коалицијата“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, по денешната пресконференција на Дескоска.
Според опозицијата, виновник за ваквата состојба е спикерот Трајко Вељаноски, кој одбил да ги верификува оставките на опозициските пратеници поднесени уште во мај, со што ги оневозможил да ги извршуваат професиите кои ги извршувале пред да станат пратениц.
Од СДСМ очекуваат заради ваквото оштетување на Буџетот, Јавното обвинителство да покрене постапка против Вељаноски за направените злоупотреби.
