Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Ако не сакаат да бидат пратеници, СДСМ да си поднесат оставки

ВМРО-ДПМНЕ: Ако не сакаат да бидат пратеници, СДСМ да си поднесат оставки
Постапката за верификација на мандатите на новоизбраните пратеници што се случи денеска беше сосема во согласност со Уставот, законите и собранискиот Деловник, тврди владејачката ВМРО ДПМНЕ. Писмената реакција на партијата стигна по обвинувањата од СДСМ дека парламентарното мнозинство насилно ги верификувало мандатите на опозиционерите наспроти нивната јасно изразена волја да не учествуваат во работата и да не го легитимираат новиот собраниски состав. „Мандатите на пратениците го даваат граѓаните на Македонија, а на Собранието му е уставна обврска тоа да го верификува. Доколку избраните пратеници од СДСМ и нивните коалициони партнери сакаат да си поднесат оставки од пратеничките функции, никој не им пречи тоа да го направат согласно Уставот, законите и Деловникот“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Слично

Поврзани вести