ВМРО-ДПМНЕ: Агресија, гнев и паника се вистинското лице на Заев
Зоран Заев си го покажува своето вистинско лице. Со секој поминат ден граѓаните разбираат колку овој човек е полн со агресија, гнев и паника,реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ на новата пресконференција на лидерот на опозицијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев демонстрира страв од поразот на изборите и затоа продолжува со неоснованите напади врз Груевски.
„Зоран Заев покажува дека е спремен и да лаже и да манипулира, само и само да се добере до власта. Неговите постапки говорат за него. Граѓаните секој ден се појасно и поубаво можат да ја видат неговата нереална и болна желба за власт, но и неговиот нечовечки лик“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Слично
