ВМРО ДПМНЕ: Агенцијата СГС не е на Мијалков!
СДСМ продолжува да пласира груби лаги и измислици и со цел да постави знак за еднаквост помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, иако тоа не е така, се наведува во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски кој наведе дека компанијата СГС од државните институции добила тендери за обезбедување вредни милиони евра.
„Со оваа прес конференција, СДСМ се обидува да ги оправда скандалите за нивните водачи Радмила Шекеринска и Зоран Заев за кои постојат документи и факти и еклатантни докази дека се замешани во сомнително работење и прибирање на неоснован приход“, стои во реакцијата.
„Потенцираме дека фирмата за која говореше Дамјан Манчевски во својата прес конференција, не е фирма во сопственост на Сашо Мијалков“, се вели во реакцијата и се додава дека прес конференцијата на Манчевски е „само една обична измислица“.
„Впрочем да си веруваа во тоа што го говорат, немаше да го пратат Дамјан Манчевски како жртвено јагне да поставува прашања, туку ќе излезеше Радмила Шекеринска и сама ќе тврдеше дека се вистина овие измислици“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Слично
