ВМРО ДПМНЕ, 26 ГОДИНИ: Што се случи кога голобради момчиња дојдоа на место на војводите?
Колку и однадвор да изгледа монолитна, на ВМРО ДПМНЕ може да и се случи таква експлозија, по што од неа нема да остане ништо, оваа неодамнешна изјава на поранешниот лидер на партијата, Љубчо Георгиевски, веројатно ја отвора пандорината кутија околу разнишаноста на до пред две години цврстата, хомогена и силна демохристијанска партија. Иако, се декларираат како демохристијани, сепак челните луѓе на партијата во изминатава една деценија, судејќи по нивните постапки изгледаа како се, само не демохристијани. Вчера, партијата го славеше 26-тиот роденден пред музејот на револуционерната борба и пораките кои ги испрати Груевски беа пораки на воинственост.
-Дека се губи трпението на народот, пред неправдите кои ги гледа, дека се повеќе како претседател на ВМРО-ДПМНЕ сум под притисок на илјадници граѓани кои на ралзичен начин ме контактираат, барајќи поддршка за поодлучна народна акција, дека ако вака продолжат, колку и јас и моите соработници да сме толерантни, нема да можам да ја држам ситуацијата под контрола. Народот врие и во еден момент може да му дојде преку глава и да влеземе во фаза која нема да e добра за земјата, а најмалку за оние кои глумат некакви револуционери за дебели пари и за туѓи интереси, рече Груевски.
Идејата на ВМРО ДПМНЕ
ВМРО ДПМНЕ се смета себеси за идеолошки наследник на првобитната ВМРО. Имено по смртта на Јосип Броз Тито во 1980 започнува постепен процес на дезинтеграција на Југославија, а кон крајот на 80-тите години од минатиот век, се јавуваат првите почетоци на партискиот плурализам во Македонија. Дел од вратените иселеници, како и новата генерација на македонски интелектуалци политички се оформуваат во духот на македонскиот национализам, барајќи независност на Македонија од Југословенската федерација. Од овие нови политички струи, на 17 јуни 1990 се формира ВМРО-ДПМНЕ, кое станува правно лице со регистрацијата на 5 август 1990 година. За нејзин прв претседател е избран Љубчо Георгиевски.
Неколку историски факти
На првите парламентарни избори ВМРО ДПМНЕ настапува со програма со која помеѓу другото ќе се залага за „Македонска војска, полиција и македонска фудбалска лига“.
ВМРО ДПМНЕ го доби мнозинството гласови на првите повеќепартиски избори во Македонија одржани на крајот од 1990 година. По изборот на првата политичка влада во 1992 година ВМРО-ДПМНЕ преминува во опозиција, сè до парламентарните избори во 1998 година кога партијата победи и формираше влада на чело со Љубчо Георгиевски во коалиција со Демократската алтернатива и со Демократската партија на Албанците. На парламентарните избори во 2002 година ВМРО ДПМНЕ настапува во коалиција со Либерална партија, но ги губи изборите.
На партискиот конгрес во Охрид во мај 2003 година Љубчо Георгиевски се повлекува од лидерската позиција, а на негово место за претседател на партијата е избран Никола Груевски.
За 26 години ВМРО ДПМНЕ смени само еден претседател Љубчо Георгиевски
Поминаа, 26 години, откако Љубчо Георгиевски беше избран за лидер на ВМРО ДПМНЕ, но од тогаш до денес, на челната позиција има само една промена, а тоа е во 2003, кога на чело на партијата дојде Никола Груевски. Сепак, една година подоцна во 2004-та година, се случувањата во Панорама. По загинувањето на претседателот Борис Трајковски и предвремените претседателски избори, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев ја загуби битката од Бранко Црвенковски, расколот во ВМРО-ДПМНЕ кулминира со случувањата во скопскиот хотел Панорама. Неколку стотици вооружени членови на партијата и нивни блиски, еден месец по вонредните претседателски избори, односно во мај 2004 година, бараа да прекине седницата на Централниот комитет и раководството да си поднесе оставка. Партијата тогаш се подели, но по победата во 2006 година, Груевски полека, но сигурно почна да го јакне ВМРО ДПМНЕ, значаен дел од луѓето (не)блиски до Георгиевски од ВМРО НП, се приклонија кон ДПМНЕ. А партијата, која во 2008 година имаше апсолутна власт во земјава, дури во еден момент и се откажа од првиот лидер на партијата..
Никола Груевски од технократ до автократ
Никола Груевски, како лидер на ВМРО ДПМНЕ од 2006 година постојано победува на избори. Но, ако победите во 2006 и 2008 речиси никој не ги спори, од 2011 година наваму секоја победа на сегашната партија на власт е спорна. Човекот кој важеше за технократ и кој уживаше симпатии кај огромен дел од населението, денеска истовреме ужива и исто толкава омраза од огромна бројка на луѓе. Никола Груевски и неговите најблиски соработници (голем дел веќе поранешени функционери, Мијалков, Јанкуловска, Јанакиески, Ставрески и др...) денес се соочуваат со сериозни обвинувања, за криминали, злоупотреба на службената положба и сл...
Политичките бомби го разобличија „чесното“ владеење
Македонија веќе втора година живее во неизвесност. На улиците е Шарената револуција, но по веќе испробан Милошевиќ рецепт имаме и контрапротестанти.Политичките бомби, кои го презентираше лидерот на СДСМ, Зоран Заев преку проектот „Вистината за Македонија“, практично го разобличија „чесното“ владеење на партијата на власт. Имено, од 2011 година, по затворањето на А1 ТВ, ВМРО ДПМНЕ само ја цементирааше својата автократна позиција, а партијата не дозволуваше никакво поинакво мислење или став од она што ќе го претстави тој и неговата партија.
Како да се зачува сопствената кожа и слободата
Никола Груевски и неговите најблиски соработници, 26 години од формирањето на ВМРО ДПМНЕ, веројатно ја пишуваат најнеубаватаа историја за својата партија. Нефункционалноста и корумпираноста на судскиот систем, кој беше евидентен од „бомбите“ на Заев, практично беше повод за формирање на специјално јавно обвителство, кое ќе ги истражува корупцијата и злоупотребата на службената моќ од страна на власта. Поранешниот лидер на партијата Љубчо Георгиевски во своето неодамнешно интервју за „Призма“, вели: долго време „заеднички именител“' на тамошниот збир од разни структури беше што подолго да се биде на власт, а сега е - како да се зачуваат кожата и слободата. Тие одамна направија дистанца од мене, а денес пак, јас не сакам да сум во нивна кожа“, вели Георгиевски.
Неговииот лик, кој пред повеќе од една деценија беше ретуширан, односно бришен од фотографиите кои сведочеа за клучни настани во партијата и државата, одеднаш „воскресна“ во уметничка креација, во техника масло на платно, на ѕидовите на најобезбедуваната зграда во Македонија - седиштето на владејачката партија. Георгиевски не е многу изненаден од тој чин. „Изгледа дека нарачале многу слики, па на некоја морало да се појавам и јас. Претпоставувам дека е така, бидејќи не ме сметаат за непријател кој може да ги загрози. Повеќе ме гледаат како „историја“, отколку како реална закана“, вели Георгиевски за „Призма“.
Време за промени во ВМРО ДПМНЕ
Во најголемата, владеачка партија ВМРО ДПМНЕ, веќе не кријат дека доаѓа време на промени. Иако, јавно никој не сака да проговри, не се почесто се слушаат шпекулации дека внатре во самата партија не е се така розево како што се прикажува. Прашање на време е кога ќе почне рекомпонирањето во партијата.
Во јавноста веќе од поодамна се шпекулира со имињата на можните наследници на Груевски. Антонио Милошовски, Никола Поповски, поранешниот и актуелниот шеф на македонската дипломатија, за нив веќе чаршијата одамна зборува, како што се шпекулира и за тотално ново раководство на партијата со имиња кои во сиот овој период останаа, колку што можеа настрана, а и ги немаше во афери во политичките бомби.
Р.Ф

Слично