ВМРО-ДПМНЕ: 24 Вести не известуваат за нашите дела
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на обвинувањата на телевизијата 24 Вести, дека партијата вршела притисок врз нивната уредувача политика.
„Граѓаните кои ги следат медиумите блиски до СДСМ или финансирани од СОРОС повторно беа скратени од вистината и не добија слика за тоа што се случува, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Ниту Телма, ниту 24 Вести не известија за новите мерки за млади лица кои ги промовираше ВМРО-ДПМНЕ и кои значително го подобруваат квалитетот на животот на младите во Македонија, особено оние кои доаѓаат од семејства со пониски примања, тврдат од партијата. Ги охрабруваме Телма и 24 Вести во иднина да се спротистават на притисоците на СДСМ и објективно да ги информираат граѓаните"- се наведува во партиското соопштение.
Слично
