ВМРО-ДМПНЕ со остра осуда за „нападот“ на Амди Бајрам
Вчера пратеникот Амди Бајрам за некои медиуми и во МВР изјавил дека бил физички нападнат од страна на обезбедувањето на опозициската СДСМ, при што денеска од МВР го расветлија случајот и информираа дека не станува збор за физички туку за вербален напад упатен кон Бајрам.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/03/12/mvr-amdi-bajram-ne-bil-fizicki-tuku-verbalno-napadnat/" target="blank" ]МВР: Амди Бајрам не бил физички, туку вербално нападнат![/button]
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста најостро го осуди инцидентот во кој што вчера беше нападнат пратеникот Амди Бајрам од страна на член на СДСМ.
„Како пратеници и колеги нагласуваме дека остро се спротиставуваме на било каков вид на насилство или насилничко однесување врз пратеници или врз било кои други граѓани.
Насилство, навреди и закани кон пратениците е веќе видено и добро познато сценарио препознатливо за СДСМ, сценарио кое што докажува како СДСМ ја замислува демократијата односно систем во кој што нив им е дозволено да се закануваат со насилство, да омаловажуваат и физички да се пресметуваат со сите кои што не мислат како нив“, стои во нивното соопштение.
