ВМРО-ДМПНЕ се згрозени- Цветанка Иванова негира дека имало напад
ВМРО-ДПМНЕ е згрозена и фрапирана од недоличното, насилничкото однесување на СДСМ и неговите пратеници во Собранието на Република Македонија, порача Илија Димовски на денешната партиска прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.
- Физичките напади што неколкуте пратеници на СДСМ ги направија врз неколку свои колеги се дно на се што лошо сме виделе во изминатите 20 години. Единствено присебноста на нас пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и намерата да не влеземе во погубното сценарио што СДСМ го има спремано, доведе до тоа да избегнеме поголем и посериозен инцидент, при денешната работа во Собранието, рече Димовски и додаде дека нема да ја толерираат таквата неодговорност и неразумност.
Од СДСМ пак негираат дека станува збор за било какво насилство и напад врз колеги од владеачката партија.
-Дека сум ја нападнала госпоѓа Дулиќ мислем дека е небулоза, ова е спинување, ова е барање начин како по секоја цена да се обвини некој за настанатата состојба, изјави Цветанка Иванова од СДСМ.
