ВМРО-ДМПНЕ е подготвена за техничка влада пред избори
ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и има намера да го почитува Договорот од Пржино, кој предвидува формирање на техничка влада за организирање на избори кои треба да го трасираат патот за излез од политичката криза, изјави за „Мета“ директорот на Центарот за комуникации на владејчката партија, Иво Котевски.
„Согласно Договорот од Пржино, се предвидува формирање на техничка влада за организирање на избори и ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и има намера да го почитува Договорот. Изборите се кремот на Договорот и тие треба да го трасираат патот за излез од политичката криза во која СДСМ ја втурна државата“ – вели Котевски.
Додава дека Договорот од Пржино во никој случај не предвидува и во никој случај немаше за цел да ги внесе СДСМ во власта без легитимитет добиен од граѓаните.
Договорот имаше јасна цел цел, министрите и замениците – министри на СДСМ да бидат дел од власта која ќе ги организира изборите, вели Котевски и додава дека во два наврати СДСМ поради страв од катастрофалниот рејтинг избега од соочување со граѓаните на избори.
