Влезот на кинеските ИТ компании, ризик за безбедноста на САД
Комисијата за разузнавање на Трговската комора во САД, предупредува дека двете водечки кинески компании за телекомуникациска опрема „Huawei Technoligies“ и „ZTE“ претставуваат
сериозна закана за безбедноста на САД, пренесоа светските агенции.
Комисијата препорачува регулаторните тела да ги блокираат операциите за спојување и купување на американски компании од страна на двата кинески гиганти. Таа исто така советува американските владини организации да не користат опрема од двете компании, а американските приватни компании - да избегнуваат да работат со нив.
Комисијата критикува дека во извештајот за влез на пазарот во САД, кинеските ИТ компании не дале доволно информации за својата работа, како и за официјалните врски со кинеските власти, забележува Ројтерс.
Комисијата наведува дека располага со тврдења од анонимни експерти од оваа индустрија, како и од сегашни и поранешни вработени на„ Huawei“, кои укажуваат на тоа дека компанијата може да биде одговорна за мито и корупција, дискриминаторско однесување или прекршување на авторските права.
„Врз основа на собраните информации сметаме дека не може да се има доверба во овие компании, бидејќи голем е ризикот дека се под влијание на Кина, што ги прави закана за безбедноста на САД и нашите системи“, се истакнува во извештајот на разузнавачката комисијата.
Слично
