ВЛЕЧЕНИ И ТЕПАНИ АМА ГОРДИ: Пленумци не се откажуваат од битката!
Јавноста е се погласна и револтирана по минатонеделниот брутален напад од страна на полицијата врз членовите на Студентскиот пленум кои побараа поништување на изборите за ново студентско раководство. Студентскиот пленум денеска уште еднаш гласно ќе испрати порака до Ректорската управа на УКИМ дека студентското раководство и организирање е од круцијална важност за една држава. Потребно е постоење на автономна, автентична студентска организација која со помош на правните акти според кои ќе работи ќе биде ослободена од влијанието на политичките партии и способна здраво да размислува и функционира- вели Александар Ташковски, апсолвент на правни студии при Правниот факултет ,,Јустинијан Први” и активен член на Студентскиот пленум.
Тој беше еден од студентите кои пред три дена беа брутално нападнати од специјалната полициска единица за брзо распоредување ЕБР пред зградата на СПУКМ. Студентот Ташковски за Фактор ја раскажува голготата низ која минале студентите од Пленумот, кои наместо да бидат заштитени кога побарале помош од полицијата, таа се свртела против нив. Оттука вели сеуште останува нејасно зошто полицијата не интервенирала по нивните пријави за украдените гласачки кутии, загрозениот интегритетот и академска слобода, и дополнително кој наредил таа да крене рака на студенти кои мирно протестираат против криминалот и изборниот грабеж.
“Најжалното во сето ова е што Студентски пленум пријави во полиција за украдените гласачки кутии, постојат и видеа како се крадат гласачките кутии, а полицијата наместо да дојдe на Универзитетот кога нашиот интегритет и академска слобода беа загрозени од УМС, полицијата не само што не не заштити, туку дополнително ни одржа лекција и ни даде ќотек за тоа дека пријавивме кај нив дека има криминалци?! Не влечеа, тегнеа, тепаа. Крадење на гласачки кутии постоело и порано и за тоа луѓе моментално се во затвор и уште ја одржуваат својата казна поради тоа што го сториле, додека СПУКМ трча низ Центар со украдени гласачки кутии полицијата наместо да ги уапси, ги штити, а полицискиот синдикат изразува загриженост за навредите упатени до нив, а не за тоа што полицијата беше злоупотребена и штитеше криминалци за кои постојат видео снимки?! Дополнително, Министерот за внатрешни работи заедно со ,,меѓународната заедница” додека ние јадевме ќотек зошто не дозволуваме изборни измами на УКИМ, тие наздравуваа со шампањ. Новиот ректор ќе мора утре да биде најгласен, во спротивно тој е соучесник во овој криминал, и би му советувал или да биде Ректор или да се откаже од функцијата и да се заштити себеси од нанесување срам”- објаснува Ташковски.
Толкувањето на овој преседан што го направи не само УКИМ туку и МВР според студентот би значело дека полицијата ги штити криминалците, што значи за да бидеш почитуван и штитен од полицијата вели е потребно да бидеш криминалец.
“Овие избори многу наликуваа на изборите во 2008 кога УЧК дивееше низ државата и кршеше гласачки кутии и беше употребувано оружје, овие избори на УКИМ наликуваа токму на тие избори, но со таа разлика што сега наместо санкции за учесниците како што имаше тогаш, имаме поддршка и асистенција од полицијата во изборен криминал. Тогаш правосудниот ситем ги санкционирал сторителите, а сега имаме студенти кои на сред Центар трчат со крадени кутии, а државата преку ЕБР им дава асистенција во извршувањето на кривични дела.Доколку на УКИМ се спроведуваат вакви избори кои повеќе личат на циркус отколку на избори, тогаш се плашам дека парламентарните избори можеби ќе се одржуваат не со полициско туку со воено присуство”- додава апсолвентот Ташковски.
Новоформираната комисија на УКИМ за утврдување на можноста за статутарни измени во делот на студентското организирање која е составена од седум универзитетски професори и по двајца членови на СПУКМ и Студентскиот пленум, вели е исправена пред голема задача- вистинско реформирање на студентските организации. Работата и резултатите кои ќе ги даде оваа Комисија зависат исклучиво од членовите на оваа Комисија.
“Доколку постои ронка свест и совест кај членовите, работата ќе ја сфатат сериозно и ќе има конкретни резултати и решенија од нејзината работа, доколку нема не планираме да се откажеме од борбата за легитимни студентски претставници. Вербата за можни решенија секогаш постои, но таа не зависи од вербата, туку од свеста на членовите на таа Комисија, доколку има волја оваа Комисија може да стави крај на проблемите со студентските претставници, доколку нема тогаш ќе пронајдеме друг начин за решавање на овој проблем”- потенцира Ташковски.
На изборите за ново студентско раководство како што вели повредено е активното и пасивното избирачко право, дискриминарани се огромен број на студенти кои не се во реална можност да учествуваат на изборите поради своето место на живеалиште, задолжителната практична настава и учество на летните програми за размена на студенти.
Студентите според него треба да бидат ослободени од стегите на партијата која сака да контролира се бидејќи целата изборна остапката е направена да се запази процедуралниот, но не и материјалниот дел на она што значи студентски избори. Затоа вели суштински важно и неоходно е да се изврши компаративна анализа на законите за студентски стандард-високо образование, студентско организирање во развиените земји и потоа да се изврши анализа на постоечката законска регулатива од која ќе произлезат нови модели кои ќе дадат одговор на новонастанатите проблеми.
“Дозволете да Ви објаснам еден пример, Управните одбори на студентските домови во скандинавските земји се составени само од студенти кои живеат во студентскиот дом, и тие го назначуваат директорот на домот кој е задолжен за спроведување на нивните одлуки. Замислете ова да се случи во Македонија, не верувам дека доколку во тие Управни одбори членуваат студенти, а не полтрони на партиите ќе имаме лебарки во домовите и ладна вода во месеј јануари. Без разлика на анализите, во кратки црти потребно е да се создадат студенти кои нема да бидат полтрони на партијата, без разлика дали таа е на власт или во опозиција”- објаснува Ташковски.
На оној кому не му е гајле за образованието вели, нему не му е гајле за државата, ниту за младината, ниту за напредокот, ниту за прогресот.
“Во текот на изборниот ден, не постоеја избирачки списоци, не се направени записници од превземањето на гласачките кутии, гласачките кутии беа обложени со бели листови одвнатре за да не може да се види колку гласале, замислете не ни постоеше избирачки список, гласачките ливчиња немаа печати и изгледаа како тоалетна хартија, не постоеја паравани зад кои ќе може тајно да се гласа, УМС на ВМРО-ДПМНЕ дивееше по Универзитетот и баш така- во каубојски стил воспоставуваше ред и дисциплина (особено на Правниот факултет), за тој ред да резултира со физички повреди кон студенти од страна на членови на УМС, пореметување на изборниот процес и грубо кршење на автономијата на Универзитетот. Кога си играте мајтап со образованието преку забегани проекти како државен испит, екстерни проверки, факултет во секое село и Универзитет за секое дете, нема да бидам изненаден доколку владејачката партија предложи и изгласа проект: ЕБР за секој студент”- додава Ташковски.
Целта на високото образование како што вели не е да се изнаотворат насекаде факултети и Универзитети, туку да создаде нова плејада прогресивни научници кои ќе имат доволно свест да ја водат државата напред, а не назад. Бројките вели според статистиката се поразителни, а во пракса тоа е уште позиразено: 31 доктори на науки, 927 магистри и 14.135 дипломирани со високо образование се невработени. Прашање е каде ќе се вработат овие луѓе?
“Со самиот факт што управувањето е дел од автономијата, а автонимијата е гарантирана со највисокиот правен акт на оваа земја, кажува за тоа колку е важен гласот на студентите во носењето одлуки во академската заедница. Членовите на академската заедница, поточно професори од Правен- љубители на хонорарите од режимот веднаш излегоа со колумни и експертизи во поддршка на владејачката партија, наместо со осуда на таквиот упад во УКИМ. Како тоа, проблемите на УКИМ ги решава Центар за комуникации на владејачка партија?”- прашува студентот по правни науки.
Живееме како што вели во абнормална состојба каде колективната свест е загрозена од еден центар на моќ и таа нивна безизлезност се прелева на индивидуалната свест кај секој граѓанин поединечно. Одговорноста на лидерите на државата е од огромно значење за колективната свест и благосостојба на еден народ, духовна, интелектуална, материјална.
“Се вртиме 2 години во круг, ништо не е решено и се става под тепих. Кризата си се продлабочува, а моите колеги и пријатели чистат WC шолји и пржат компири во McDonalds и ќе направат се’ за да не се вратат во земјата каде полицијата наместо да ги штити од криминалци, таа ги тепа оние кои што ги пријавуваат криминалците. Но, токму во вакви моменти, кога гневот и бесот се огромни кај граѓаните, а општеството е поларизирано до степен што заедничкиот живот не знам колку е возможен, потребно е да се канализира енергијата и да се насочиме на освестување на оние граѓани кои се’ уште се плашат да се исправат и да го кажат свој став”- порачува Алаксандар Ташковски од Правниот факултет.
С.Б.

Слично