Влажни коловози, во Скопје забрана за тешки товарни возила
Забраната за движење на тешки товарни моторни возила на подрачјето на град Скопје стартуваше од 16.06.2014. Забраната ќе важи во текот на денот и тоа од 10 часот до 20 часот, во периодот до 01.09.2014 година.
Оваа мерка се воведува со цел да се заштити коловозот од оштетувањaта предизвикани од големите осни оптоварувања на тешки товарни моторни возила, во услови на високи дневни температури во текот на летото.
Од ова решение се изземаат возилата кои превезуваат жива стока, лесно расиплива стока, хуманитарна помош, медицински препарати, комунални возила, возилата на ЈГП, превоз на експлозивни, запаливи и отровни материи, возила за превоз на градежни материјали (сиров бетон), како и градежна оператива кои вршат градежни работи на градилиштата за Општините во Скопје, Град Скопје и Влада на РМ.
Имено, сообраќајот на територијата на Р.М се одвива по влажни коловози, без забрани.
На регионалниот пат Пробиштип - Кратово поради појава на свлечиште на влез во Кратово, воведена е забрана за движење на автобуси и товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони.
На патниот правец Радовиш - Конче (Р-2433), на 11-тиот километар, има свлечиште, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На овој патен правец е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.
