Влажен бран ќе ја зафати Македонија
Влажен бран попладне ќе ја зафати Македонија и дожд ќе врне до понеделник.
Управата за хидрометеоролошки работи за попладнево најави повремени врнежи од дожд во источните делови, кои подоцна ќе се прошират низ цела територија на земјава, а ќе бидат пообилни во јужните делови.
Врнежи ќе има и во понеделник, но ќе бидат со малку послаб интензитет.
Максималната температура ќе се движи околу 11 степени во југозападниот регион, околу 13 на север и исток, а на југоисток до 15 степени.
Општините треба да ги стават на располагање сите ресурси, да ги мобилизираат кризните штабови и други институции, да го следат водостојот, да го предупредат населението ако има опасност, загрозените граѓани да побараат помош во ЦУК на 195 и слично.
Слично
