Властите во Оукленд и забранија на Бугарија да спроведува избори во Нов Зеланд, имало Ковид-19
Властите во Окланд, Нов Зеланд, ја повлекоа согласноста таму Бугарија да спроведува парламентарни избори за своите државјани на 14 ноември поради влошување на ситуацијата со пандемијата.
Министерството за надворешни работи на Бугарија денеска информираше дека бугарската амбасада во Австралија утринава по бугарско време била известена дека во врска со влошената пандемична состојба на Ковид-19 во Нов Зеланд, а особено во Оукленд, каде има најмногу заразени, локалните власти во Градот денеска ја повлекле согласноста за изборите за претседател, потпретседател и Народно собрание на 14 ноември.
Изборна комисија во Оукленд веќе била формирана во полн состав, но пред да влезе во општинската сала, била известена дека поради влошената состојба со пандемијата, не се дозволени избори.
Бугарската амбасада во Канбера, која исто така е акредитирана во Нов Зеланд, апелирала до општината да дозволи исклучително гласање, но варањето било одбоено.
