Властите ја соопштија причината за пожарот во домот за стари лица во Тузла
Преоптоварен кабел за струја е причината за големиот пожар во домот за стари лица во Тузла што се случи минатата недела, соопштија властите. Починаа уште двајца од повредените штитеници, со што бројот на жртви се искачи на 15.
Кабел од радио што го користел еден од штитениците бил стегнат меѓу неговиот кревет и ѕидот, што довело до краток спој од кој избувна пожар, вечерта на 4 ноември.
Огнот избувна на седмиот кат од зградата каде загинаа 11 лица на самото место, а 30 беа повредени.
Босанските медиуми објавија дека на горните катови биле сместени постари лица кои биле неподвижни или многу болни. Менаџерот на комплексот поднесе оставка.
фото принтскрин
Слично
