Власта троши 740 илјади евра за набавка на теренски возила
Нови теренски возила набавуваат неколку државни институции бо земјава. Договорите во износ од 742 илјади евра се веќе склучени.
Министерството за земјоделство набавува теренски возила за шумската полиција. За оваа зделка потпишан е договор на сума од 504 илјади евра. Договорот е склучен со компанијата КА-ДИС на крајот на минатиот месец. Времетраењето на договорот е пет години.
Иако во објавениот договор на Бирото за јавни набавки, најверојатно е вклучено и сервисрање и поправка на возилата. Сепак, од објавениот договор на Бирото за јавни набавки не може да се види колкав број на возила се набавуваат, ниту се знае динамиката на нивна испорака.
На овој тендер понуда доставила само една компанија, со која е склучен и договорот.
Но, теренски возила набавува и државната енергетска компанија МЕПСО. Договорот е склучен на средината на минатот месец, односно неколку дена пред набавката да ја направи министерството за земјоделство. Станува збор за договор вреден 206 илјади евра, што МЕПСО го склучило со компанијата Аутомакедонија. И овој договор е со времетраење од 5 години, со вклучено сервисирање и поправка.
Од објавениот договор на Бирото за јавни набавки не може да се види колку возила се набавуваат. Но, и тука понуда доставила само една компнаија со која е склучен и конечниот договор.
Во државната енергетска компанијата МЕПСО истиот ден склучиле и уште еден договор со кој се набавува патничко – електрично возило. За ова возило договорот е склучен на сума од 32 илјади евра. Времетраењето и на овој договор е пет години, со вклучено сервисирање и поправка. Договорот е склучен со Мак аутостар, единствената компанија која доставила понуда.
Р.Ф.
