Економија, финансии, бизнис

Контакт

Власта се повлече од законот за пазарџиите, ќе се работи на нов

Власта се повлече од законот за пазарџиите, ќе се работи на нов

Владеачкото мнозинство предводено од СДСМ се повлекува од актуелните измени на Законот за трговија со кој им се наметнаа лиценци на продавачите на зелените пазари и ограничувања за тоа кој се може да работи и да закупи тезга.

- Предлагаме негово одложување до 1 септември, а до тогаш ќе најдеме друго законско решение.- рече денеска кратко пратеникот Горан Милевски.

Зелените пазари денеска работат како и вообичаено по вчерашните протести, а во понеделник е најавен состанок а наоѓање ново решение.

Екрем Долек, претседателот на Комора на трговци, која треба да ги наплаќа лиценците тврди дека организаторите на пазарите се тие кои ги наметнале протестите затоа што се исплашиле дека со актуелните аконски прописи ќе бидат откриени нивните скриени теги.

- Дознав дека се криела вистинската бројка на тезгите пред властите, дека тука имало голем криминал.н Организаторите на пазарите сами ги заклучуваа пазарите и ги тераа продавачите да не работат - рече Долек за Телма.

Ова законско решение не го поддржува ниту Стопанската комора на Македонија.




Слично

Поврзани вести