Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАСТА РЕАГИРА: Фридом Хаус е финансирана од СОРОС

ВЛАСТА РЕАГИРА: Фридом Хаус е финансирана од СОРОС

Откако опозицијата денеска соопшти дека последниот извештај на Фридом Хаус покажал назадување во сите општествени сфери, од владеачката гарнитура реагират и велат дека Фридом Хаус е финансирана од СОРОС и нејзините извештаи ги пишува и базира исклучиво на мислењето на соросовите платеници од бандата на Милчин кои се инсталирани како кукавичко јајце во граѓанскиот сектор во македонија.

„СДСМ ниту има понуда, ниту има програма, ниту пак конкретни мерки и проекти во интерес на граѓаните. Затоа единствениот излез од партијата го гледаат во одработувањето на невладините организации.

Тоа покажува колку СДСМ го потценува сопствениот народ и сопствената држава. Граѓаните јасно ги видоа недемократските капацитети на СДСМ. Во последната година видоа како СДСМ ги злоупотребува ресорите на МВР и МТСП за безобразна партизација, како предлага фашистички закони за медиуми, како нејзиниот аболициран лидер отворено бара по едно евро за Вицето од секоја трансакција на струмичките фирми, како активисти на СДСМ напаѓаат се закануваат и  кршат медиуми“, стои во реакцијата на ВМРО-ДМНЕ.

Партијата на власт вели дека во извештаите на Фридом Хаус нема  ни збор од недемократските и тоталитарните вредности на СДСМ и бандата околу Зоран Заев, што е очекувано.

Слично

Поврзани вести