ВЛАСТА ПРОТИВ ГРАЃАНИТЕ: Битолчани не даваат да се продаде Офицерскиот дом!
Жителите на Битила-градот познат како Град на конзулите не даваат Владата да го продаде Офицерскиот дом или така наречениот битолски Версај.
По тој повод денеска граѓаниски активисти и Здружението за култура и уметност Машина од Битола почнаа да собираат потписи против негова продажба.
Битолчани цврсто стојат зад оваа одлука и велат не на ваквата одлука за продажба на еден културно-историски споменик кој е идентитет на градот и на битолчани.
Имено, архитекстонскиот бисер и културен центар на Битола Офицерскиот дом, ќе се продавa преку електронско наддавање а вкупната вредност на која се проценува според објавениот оглас е 900.000 евра.
Јавното наддавање за продажбата е закажано за 19 февруари 2016 година во 12,00 часот.
