Власта, опозицијата и ЗНМ – за случајот со новинарот Кежаровски
Од Здружението на новинарите на Македонија со писмо ги замолија странските дипломати да го посетат новинарот Томислав Кежаровски во затвор и да увидат во какви услови е сместен тој. Од опозицијата пак денеска на пратенички прашања запрашаа - дали Кежаровски е осуден за случајот Ореше или за истражачката работа околу смртта на новинарот и сопственик на Фокус, Никола Младенов.Прашања упатија и до министерката Јакулоска - за полицијата пеисутна на новинарскиот протест.
Прашањето до премиерот Никола Груевски го упати поранешниот новинар, сега претеник Сафет Бишевац. Груевски одговори, судската пресуда за Кежаровски не е работа на извршната, туку само на судската власт која е непристрасна. Исто така предупреди, коментирањето на пресудата не е добро во оваа фаза, пред таа да стане конечна.
„Сметам дека случајот не треба да се политизира, постојат судски процедури, постојат механизми кои не се исцрпени, кои не се завршени, работата треба да се остави во рамки на судството и на судската власт, а не да се префрлат за тоа да носи свои ставови и судови парламентот или Владата“, рече Груевски.
Прашања беа упатени и до министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Бишевац запраша - кој ја изврши проценката за полициското обезбедување на протестот на новинарите за пресудата на Кежаровски?
Протестот не беше најавен во матичната полициска станица., врати министерката.
„Ние добивме информации по оперативен пат врз основа на она што се пишуваше на социјалните мрежи, на некои јавни изјави, врз основа на тоа колкава поддршка и од кого очекуваа поддршка оние кои за себе велеа дека ќе протестираат. Направивме соодветна проценка со која моравме да го осигураме јавниот ред и мир на просторот во близина на фонтаната Карпошово востание. Таму беше најавено дека протестот ќе биде мирен меѓутоа не издржаа поддржувачите на политичките партии, некои претставници на невладини организации, спонатано собрани граѓани и мал број на новинари, сепак, одлучија да го нарушат јавниот ред и мир, меѓутоа заради професионалната и присебна реакција на полицијата, полициските службеници, не дозволија да бидат доведени во ситуација нити да реагираат нити пак на некого да му биде ограничено кое било право“, додаде таа.
Од Здружението на новинарите па со писмо до сите дипломатски претставништва во Скопје, изразија загриженост за случајот Кежаровски кој доби 4 и пол години затвор за напишан текст. Здужението ги замоли дипломатите, да ја искористат можноста согласно македонските закони да го посетат новинарот Кежаровски во затвор со цел да се запознаат со условите во кои тој е сместен во затворот.
„Вашиот интерес да го посетите новинарот Кежаровски ќе ги поттикне националните власти да ги подобрат условите за престој на притворениците во затворот. Освен тоа сметаме дека вашата информираност од прва рака ќе придонесе овој случај да се реши на позитивен начин“, стои во писмото.
Слично
