Економија, финансии, бизнис

Контакт

Власта обвинува за неисполнети ветувања, опозицијата враќа:ВМРО ДПМНЕ треба да се плаши од Заев

Власта обвинува за неисполнети ветувања, опозицијата враќа:ВМРО ДПМНЕ треба да се плаши од Заев

Зоран Заев во центарот на партиските препукувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Од власта обвинуваат дека Заев се кити со туѓи перја, од опозицијата пак враќаат дека ВМРО ДПМНЕ има оправдано се плаши од лидерот на СДСМ.

Од најголемата партија на власт денеска обвинија дека струмичкиот градоначалник, Зоран Заев на своите сограѓани им има дава десетици лажни ветувања, но без реализирани проекти. Оттаму посочија дека иако било ветено изградба на канализациони системи во сите населени места со над 500 жители и по два мандати канализација нема во голем дел од струмичките села, ги нема ветените индустриски зони, како и ветената реставрација на симболот на Струмица – Царевите Кули.

„Зоран Заев е градоначалник на Струмица исклучиво благодарејќи на манипулациите и приграбувања на туѓите проекти и заслуги. Тоа што тој го ветува на избори останува само мртво слово на хартија“, изјави Александар Колев од ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата по повод работата на Заев.

За СДСМ пак владејачката партија нема ни приближно успешен градоначалник како Зоран Заев, а во неговите политики како партиски лидер граѓаните почнаа да препознаваат сериозна алтернатива. Од опозицијата сметаат дека критиките кон Заев се резултат на нивниот страв од неговиот успех.

„Стравот на ВМРО-ДПМНЕ од претседателот на СДСМ и градоначалник на општина Струмица е оправдан. Владејачката партија нема ни приближно успешен градоначалник како Зоран Заев, а во неговите политики како партиски лидер граѓаните почнаа да препознаваат сериозна алтернатива на неразумната власт“, реагираат од СДСМ.

Слично

Поврзани вести