Економија, финансии, бизнис

Контакт

Власта незаконски издавала лични карти, а лажните гласачи ги сместувала во државни станови

Власта незаконски издавала лични карти, а лажните гласачи ги сместувала во државни станови

Министерството за внатрешни работи, во времето на министерката Гордана Јанкулоска издало 424 лажни лични карти на лица од Пустец, кои подоцна гласале во општина Центар.

Вакви докази презентираше денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, покажувајќи документ и листи од лажните гласачи.

„Сите 424 лица со незаконски лични карти се наоѓаат во избирачкиот список и сите гласаат во општина Центар. По проверките што ги направив во избирачкиот список, овие гласачи од Пустец ги има првпат во 2011 година, а потоа списокот се полни во 2013 година, се надградува во 2014 година, и колуминацијата се случила во 2015 година “ - рече Спасовски.

Спасовски информира дека лажните гласачи биле сместувани во станови, за кои по проверките се докажало дека се во државна сопственост. На иста адреса според документацијата се воделе по 20-30 луѓе.

Министерот истакна дека има и официјални писмени изјави од вработени во МВР и во Управните служби дека незаконски биле издавани лични карти без претходно да се издаде решение за живеалиште, што е неопходен документ за издавање лична карта.

Според Спасовски, во писмените изјави се даваат информации дека личните карти биле издавани по наредба на претпоставени на вработените, за побрзо и поефикасно да се издаваат личните документи во пресрет на изборите.

Тој најави дека истрагата на МВР ќе продолжи и понатаму, бидејќи како што информираше, постојат сомневања дека не само во Центар, незаконски лични карти биле користени и во други општини.

Слично

Поврзани вести