Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пешевски бил вицепремиер, а не Коперфилд

Пешевски бил вицепремиер, а не Коперфилд
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски цени дека решението на проблемот со сиромаштијата во Македонија, која според најновите податоци на Државниот завод за статистика лани била 30,4 проценти, е во програмата на Владата. „Одговорот на прашањето е во програмата на Владата каде што има над 1.000 проекти кои директно или индиректно влијаат на забрзан економски раст и отворање нови работни места“, изјави вчера Пешевски на прес-конференција. Тој потенцира дека Владата не е задоволна од сегашниот степен на невработеност и она што се случува, но и дека не може да се биде незадоволен во однос на она што се случува во светот. Според него, нема магична формула и проект за намалување на сиромаштијата и додаде дека за справување со овој проблем Владата носи и дополнителни пакет мерки. „И во иднина ќе го продолжиме да го правиме тоа и се' што значи подобрување на бизнис-климата и социјалната заштита“, истакна Пешевски. Претставникот на Светска банка во Македонија, Лилија Бурунчук, нагласи дека состојбата во целиот свет е тешка и Банката и' помага на Владата преку анализи на пазарот на работна сила, за поволни услови за отворање работни места и други проекти.
Слично

Поврзани вести