Власта не знае кои домашни компании го градат гасоводот вреден 75 милиони долари?!
Кои домашни компании добиваат дел од колачот вреден 75 милиони долари за изградба на националниот гасовод, односно за делницата во Клечовце? Иако, најавата за старт на изградбата на оваа делница, беше означена на помпезен начин, во присуство на највисокиот државен врв , предводен од премиерот Никола Груевски, сепак засега никој не кажува кои се домашните компании што работат на овој проект. Единствено се соопштува дека проектот ќе го работи руската „Стројтрансгас“, а инвестицијата се финансира во најголем дел со парите од кириншкиот долг, додека владата учествува со помал дел од 15 милиони долари.
Цевките за главната гасоводна мрежа на делницата Клечовце беа поставени на теренот, кога власта го најави мега проектот, пред три дена. Но, засега нема информација, која е фирмата увозник на поставените гасоводни цевки.
Одговор на ова прашање, Фактор, побара од Министерството за транспорт и врски, но оттаму посочија дека тие не се надлежни. Не упатија одговори да побараме во АД Македонски енергетски ресурси –МЕР, државната компанија што е одговорна за проектот.
Фактор, истите прашања ги уати и до Македонски енергетски ресурси - МЕР, но ниту од таму не добивме прецизен одговор за тоа кои домашни компании работат на овој милионски бизнис, ниту пак знаеле како и дали се избрани тие компании.
„Врз основа на Меѓувладината Спогодбата помеѓу Владата на Руската Федерација и Владата на Република Македонија од страна на Руската Федерација за изградба на Магистралниот гасовод Клечовце блок станица 5 и Законот за реализација на инфраструктурен проект за изградба на магистрален гасовод, Делница "Клечовце -Блок станица 5”е определена компанијата ОАД Стројтрансгас Москва, која треба да го изгради гасоводот и со која е склучен Договор за изградба по принципот “клуч на рака”, велат од МЕР за Фактор.
Оттаму ни појаснија дека одговорите треба да ги бараме кај руската компанија „Стројстрансгас“.
„Ги прегледавме вашите прашања и со оглед на наведеното Ви препорачуваме да се обратите до „Стројтансгас“ во однос на овие прашања, дополнуваат од МЕР во писмениот одговор.
Фактор, побара одговори и од „Стројтрансгас“, еден од одговорните луѓе на оваа компанија Олег Фомин, одговори најави за текот на денешниот ден.
Дали СГС Транспорт и Дени Шпедиција работат на гасоводот?
Дилемата за тоа кои домашни компании добиваат дел од милионскиот колач ја отвори опозицијата, отворено прашувајќи дали во проектот се вклучени компаниите СГС Танспорт и Дени Шпедиција. Но, веќе неколку дена нема одговор на овие прашања.
Токму тоа дополнително отвора серија дилеми, како е направен изборот на домашните компании што ќе работат, како е утврдена цената дека изградбата на 60 километар гасоводна мрежа во земјава ќе чини 75 милини долари?
Дел од познавачите коментираат дека меѓу најскапите гасоводи слични како нашиот што треба да се гради изнесувале околу 740.000 долари по километар, додека нашиот гасовод, односно делницата кај Клечовце изнесува 1,2 милиони долари за километар.
Слично
