Власта не сака да се откаже од донациите на медиумите
Власта го одби предлогот на опозицијата , со кој се бараше да се забрани медиумите да вршат донации на политички партии. Предлогот на опозицијата беше амандман на предлогот за законот за медиуми.
Предлогот го образложи Илијан Станкович од СДСМ кој изјави дека со овој амандман се дава можност да се превенираат одредени состојби во делот медиумите, особено спрегата меѓу власта и одредени медиуми. На тој начин ќе се затвори маѓепсниот круг во кој власта ја диктира уредувачката политика на одредени медиуми.
Показател за ова се и последните подадтоци за локалните избори за донациите на медиумите на владеачката партија. „Сител“ донирале 9,8 милиони денари, „Канал 5“ донирале 8 милиони денари, „Алфа“ 4,7 милиони денари, а „МПМ“ донирала 15,4 милиони денари на владеачка партија. Министерот Ивановски го одби предлог амандман на опозицијата.
