Власта ќе работи со цел да имаме просечна плата над 34.000 денари
Власта ќе се залага со цел да имаме просечна плата над 34.000 денари.
Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Битиќи во „ЕУКлик“ на ТВ21 посочи дека таргет им е просечната плата да стане 34.500 денари.
„Во проекциите што ги направивме, таргет ни е просечната плата да биде 34.500 денари, зборуваме за нето плата, не зборуваме за бруто плата. Од друга страна, кажавме дека ќе продолжи покачувањето на пензиите, по надминување на кризата, во вредност од околу 20% за 4 години, плус, за прв пат ќе одредиме минимална пензија“, истакна Битиќи.
Пред избори, СДСМ вети повисока минимална и просечна плата.Сега имаме минималец кој е помал од 250 евра.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2020 година, изнесуваше 26.867 денари.
Слично
