Власта ќе мора да сведочи пред очите на јавноста
Денешната седница на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето беше прекината, откако комисијата не прифати министерот за финансии, Зоран Ставревски да сведочи зад затворени врати.
Претседателот Петре Шилегов изјави дека Комисијата нема да дозволи да учествува во една фарса, каде власта се крие зад затворени врати од граѓаните.
-Таа постои за граѓаните да видат и да чујат кој и за што носи политичка одговорност, да ги чујат аргументите, прашањата и одговорите. Анкетната комисија не постои за власта да се крие зад затворени врати, од граѓаните, новинарите и од јавноста. ВМРО-ДПМНЕ одлучи дека ќе продолжи да бега и да се крие. Ние од опозицијата одлучивме тоа да не го дозволиме. Повеќе нема да се одржуваат седници затворени за јавноста, рече Шилегов.
Шилегов рече дека седницата ќе се одржи тогаш кога министрите ќе излезат да сведочат пред јавноста.
