Економија, финансии, бизнис

Контакт

Власта и опозицијата се кошкаа: До каде стигна Предлог-законот за Изборниот законик ?

Власта и опозицијата се кошкаа: До каде стигна Предлог-законот за Изборниот законик ?

Без да се одлучува за преложените амандмани од ВМРО ДПМНЕ е завршена расправата за  Предлог-законот за изменување на Изборниот законик .

Два часа пред полноќ се стави точка на расправата а 401 амандман од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не дочекаа да се одлучува по нив.

Артан Груби кој е претседател од собраниската комисија за европски прашања се извади на тврдењата дека поради пробиениот рок и немањето доволно време да не се гласа по амандманите на опозицијата.

Пратениците од опозицијата негодуваат и лути обвинуја за злоупотреба на европското знаменце нагласувајќи дека Изборниот законик нема никави допирни точки со Комисијата за европски прашања а нивните ривали од СДСМ ги убедуваа дека ВМРО ДПМНЕ намерно го блокира носењето закони со единствена цел - амнестија на криминалот на Груевски.

Во понеделник Предлог-законот ќе се најде на дневен ред на седница на Собрание.




Фото: телма

Слично

Поврзани вести