Економија, финансии, бизнис

Контакт

Власта и опозицијата ќе брзаат за да не се посрамат пред Брисел

Власта и опозицијата ќе брзаат за да не се посрамат пред Брисел

Власта и опозицијата во пет до дванаесет ќе брзаат да изберат раководства на двете најважни антикорупциски тела во државата за да не се посрамат пред Брисел  пред стартот на скрининг процесот на Европската комисија кон крајот на месецот, објави Телма.

Во моментов 17 важни институции се „обезглавени“, а особено акцентот е ставен на најважните две во делот на борбата со корупцијата - Завод за ревизија и Антокорупциска комисија. Овие две тела не функционираат со месеци.

- Ме известија викендов дека привршуваат меѓупартиските консултации. Веќе во понеделник или вторник ќе биде свикана собраниската комисија за да се донесат понатамошните одлуки - изјави пратеникот Илија Димовски, претседател на собраниската комисија.

И вицепремиерот Бујар Османи наведе дека Македонија нема да се посрамоти пред Брисел.

- Нема компромис и селективност кога станува збор за корупцијата, јуни 2019 ќе дојде брзо, а Брисел ќе знае се и ќе ги види резултатите.Тоа го наметнува Европската комисија, а ние ќе работиме - изјави Османи.


Слично

Поврзани вести