Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ ќе плаќа 54 000 долари месечно за промоција на Груевски во странство

ВМРО-ДПМНЕ ќе плаќа 54 000 долари месечно за промоција на Груевски во странство

ВМРО-ДПМНЕ ангажира американската пи-ар компанија „Њу партнерс консултинг”, која ќе ја промовира Македонија, особено улогата на премиерот Никола Груевски во епицентарот на бегалската криза.

За ова агенцијата месечно ќе добива 54 000 американски долари, објави Радио Слободна Европа.

Според регистрацијата која компанијата ја пријавила во американското државно тело, владејачката партија на деветти ноември и исплатила на агенцијата 53 илјади американски долари, од кои 36 илјади за, како што е наведено, планирани активности и 17 илјади долари за активности поврзани со односи со јавноста.

Во документот кој е регистриран на 17 декември 2015 година се наведува и дека за месечна сума од 54.000 американски долари, агенцијата ќе обезбедува промовирање на Македонија, особено улогата на премиерот Никола Груевски во бегалската криза и потребата од зголемување на соработката и ресурсите од невладините организации и меѓународните партнери.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја потврдуваат информацијата дека склучиле договор со американската ПР компанија, но не откриваат други детали, како на пример која е целта во американските медиуми да се промовира улогата на премиерот Никола Груевски во епицентарот на бегалската криза.

Слично

Поврзани вести