Власт-опозиција: Колку за пет години „натежнала“ министерката Јанкулоска
Како од државна плата, за пет години Гордана Јанкулоска го зголемила станбен фонд за 200 илјади евра, прашува СДСМ. Со кредит, враќа меѓу останатото министерката.
Од опозициската СДСМ денеска обвинија дека откако седнала во министерската фотелја во МВР, министерката Јанкуловска само во станови, го зголемила својот имот за 200 илјади евра.
„Ве информираме дека ова е првиот во низата скандали за експресни богатења на луѓе од власта, за коишто СДСМ ќе ја информира јавноста. Сега, поставуваме просто прашање до министерката за внатрешни работи и до премиерот Груевски. Дали со чесна македонска плата, нека е и министерска, за 5 години се доаѓа до заработка од 200 илјади евра?"праша портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
Тој вели дека според анкетните листови, во 2006 година министерката пријавила дека поседува стан од 76 метри квадратни вреден 50 илјади евра, а по пет години, да се проширила во нов стан, од 114 метри квадратни, вреден 120 илјади евра. Истата година, со стан од 95 метри квадратни, вреден 100 илјади евра се стекнува и нејзиниот брачен партнер, додава Шилегов.
„Едноставно е прашањето, како и успеа ова на чесната министерка Гордана Јанкулоска? Дури за четири пати да го зголеми својот имот, од две плати во државната администрација, заедно, не поголеми од 1.700 евра?!", вели Шилегов.
За да го допрете дното неопходно е тоа да постои, но во случајот на СДСМ и портпаролот Петре Шилегов, дното го нема на видик. Со секоја нова одржана прес-конференција и со секоја нова исчитана манипулација, покажуваат дека се наоѓаат во слободен пад и дека тонат се подлабоко.
За министерката Јанкулоска пак ова е лага. Таа реагира дека на суд ќе го пријави опозицискиот портпарол.
„Петре Шилегов лаже. СДСМ лаже. Тврдења на Шилегов дека сум заработила 200.000 евра во овие 5 години, ќе има можност да ги докаже на суд. Заради намалување на висината на оштетното побарување кое ќе го пријавам пред надлежниот суд, во наредните денови сум подготвена да му понудам можност јавно да се извини за изречените клевети и измислици и да каже кој му наложил да излезе со вакви невистини“, стои во реакцијата од министерката.
Според Јанкулоста, нејзиниот нов стан е набавен со продажба на стариот, а подигнат е и заем и долгорочен кредит од банките по пазарни услови.
„Граѓаните, овие тврдења може да ги проверат и на интернет страната на Државната комисија за спречување на корупцијата, а Шилегов, вели, ќе мора на суд да ја докажува „мистериозноста“ која му ја напишале и која ја прочита“, се закани Јанкуловска која ваквие обвинувања ги поврза со полициската акција „Шпион“, која како што рече, погодила многу структури во земјава и надвор од неа.
Слично
