„Владо мори душманке“ испишаа демонстрантите пред Влада
Демонстрантите од шарената револуција стигнаа на последната рута - пред Владата.
Протестот заврши токму таму, а протестантите на булеварот испишаа „Владо мори душманке“.
Претходно толпата се движеше покрај МНР а прва дестинација беше Собранието.
И законодавниот дом беше обоен во боите на револуцијата а на улицата пред Собранието демонстрантите испишаа „Ма какво распуштање, нема опуштање“ и порачаа „Собрание, собери се“.
Се пуштаа и „бомби“ од прислушуваните разговори.
Слично
